Откако се собраа доволно потписи, ние ги чекаме следните чекори. Очекуваме Претседателот да го даде мандатот за состав на следната влада на кандидатот од партиите кој има мнозинство во Собранието, во согласност со Уставот, се вели во изјавата на еврокомесарот, Јоханес Хан објавена на сајтот на Европската унија.
„Промените во демократските општества се природни и треба да бидат добредојдени, кога се резултат на кредибилни избори. Прифаќање и почитување на изборните резултати и правото на лидерите да се обидат да формираат влада е знак на зрела демократија. Опструирањето и потценувањето на ваквите напори нема место во еден демократски процес. Затоа очекуваме од сите партии да ги почитуваат демократските принципи и стандарди и да се вклучат конструктивно и да целат кон изнаоѓање на основа за соработување наместо за можности за да се потценат едни со други. Ваквиот пристап ја одведе земјата во криза. Мора да се избегнуваат од сите без разлика дали се работи за власта или опозицијата. И двете, власта и опозицијата имаат улога и релевантност во функционирањето на една демократија и двете можат да ја обликуваат иднината на земјата.
Заедничката обврска на сите партии земјата да ја движат кон евроатланскиот пат е национална стратешка цел и нуди широка основа за соработка за многу потребните реформи. Ова го бараат граѓаните и го заслужуваат.
Затоа ги повикуваме сите релевантни актери вклучувајќи го Претседателот и Парламентот, целосно да се однесуваат во согласност со Уставот и на одговорен начин, за да овозможат формирање на влада која ќе ги адресира сите реформи“, стои во изјавата на Хан.