Хан на одвоени средби со лидерите на парламентарните политички партии

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, во четврток, на маргините на Министерскиот состанок за Западен Балкан што се одржува во Скопје, ќе има средби со лидерите на парламентарните политички партии.

Се очекува Хан да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.

Ова е прва посета на еврокосеарот Хан на Македонија по изборите на 11 декември.

Тој во обраќање пред Советот на Европа кон крајот на јануари, изјави дека очекува во земјата брзо да се формира влада поддржана од широко парламентарно мнозинство, која ќе ги спроведе итните реформи и ќе продолжи да отвора европерспективи за земјата, и започнување на преговорите за членство.

Покрај итните реформски приоритети, од новата влада се очекува да го реши и прашањето околу разликите за името со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e