Хан: 2025 амбициозна, но не е недостижна за почеток на преговори со Македонија

ПЈР Македонија има добри шанси да ги почне преговорите за членство со Европската Унија штом ќе биде спроведен договорот со Грција, порача еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

-Моментално, според бројот на отворени поглавја, први се Србија и Црна Гора. Но Македонија исто така има добри шанси да ги стигне откако ќе биде исполнет договорот со Грција, рекол Хан во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“, додавајќи дека 2025-тта е амбициозна, но не е недостижна цел за земјите од Западен Балкан.

-Не би сакал да споменувам конкретни датуми, но 2030-ттата би било многу далеку за да се мотивираат земјите кандидати да ги зајакнат своите заложби, изјавил Хан нагласувајќи дека кога кандидатите ќе испорачаат резултати и ЕУ треба нешто да испорача кон нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e