“Oдам за пријава од креиран разговор дека јас сум рекол да му се удри шамари на градоначалникот на Центар. Не можам да поверувам. Судијката не е виновна, таа мора да процесудира, но да сум од таа страна ќе ми биде непријатно. Доказ им е дека тој што некој го скршил прозорецот се сликал со мене, а јас се сликам со многу луѓе. СЈО оди по секоја цена да ме оцрни мене”, се пожали меѓу другото Груевски во интервјуто на ТВ Нова и како и секогаш ја обвини СЈО дека била алатка нa СДСМ.