Поранешниот премиер, Никола Груевски, е осомничен дека го нарачал и организирал упадот во Собранието на 27 април така што повикувал на протести преку медиумите и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во тој период, ја ставил целата партиска структура во улога на тоа.

-Во наредбата за истрага стои дека осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија, ги повикал преку медиуми граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура. Имаме и пораки, дел обезбедени, за дел се уште се работи – рече Рускоскa.

-Ја ставил на располагање целата партиска структура и материјални средства. За цело време течела координацијата меѓу нив, преку градските, месните и општинските комитети и изборни единици каде се давале насоки и повици – додаде обвинителката.