Груевски призна дека намерно го блокираат собранието

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со секретарот за меѓународна соработка, Александар Николоски оствари средба со генералниот секретар на владеачката австриска народна партија, Вернер Амон и директорката за европски и надворешни работи на австриската народна партија, Моника Реинер.

На средбата стана збор за актуелната политичка состојба во државата, аспектите и начините за излез од неа, како и регионалните предизвици врзани со бегалската криза, и улогата на Македонија во нејзиното надминување.

Груевски посочи дека на Македонија и е потребен брз излез од кризата, а единственото ефикасно и брзо решение е организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со редовните локални избори.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во парламентот го користат максимумот од она што деловникот и законот го дозволуваат и низ законска дебата со аргументи се спротивставува на прифатеното од страна на СДСМ.

Во поглед на мигрантската криза Груевски посочи дека предизвикот останува и дека Македонија досега активно учествуваше во нејзино справување. За уште поголема ефикасност потребна е стабилна влада и излез од кризата, а изборите се најдоброто решение за тоа посочи Груевски.

Тој додаде и дека стратешки приоритети на Македонија остануваат членството во ЕУ и НАТО алијансата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e