Груевски повторно забрани снимање и избега од камерите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е на средба со еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници, не дозволи медиумите да снимаат инсерти ниту пак ќе даде изјава за медиумите.

Ова не е прв пат Груевски да ги избегне камерите кој и минатиот месец на средбата со Хан не сакаше снимање ниту одговараше на новинарски прашања како сите лидери на политичките партии.

Човекот кој е лидер на партија и кој 10 години беше премиер да се однесува на ваков начин и да бега од новинарите е се само не подобрување на транспарентноста, одговорноста и подобрување на демократскиот амбиент во државата, вредности кои и тоа како ни се потребни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e