Груевски не сакал широка коалиција туку нови брзи избори. Ги потсетува ДУИ дека им помагал на локалните

По средбата на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и Никола Груевски претпладнево ВМРО ДПМНЕ во соопштение повторно со ставот дека тие се за уште едни брзи парламентарни избори, повторуваат дека не било како што тврдат од ДУИ дека проблем било само СЈО, туку платформата, односно поставениот услов за двојазичност во неа.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, според партиското соопштение, не ја повторил најавата за немири ако влада направат ДУИ и СДСМ, но кажал дека ДУИ не тебале  да заборават дека на минатите локални избори кога беа во коалиција, ВМРО ДПМНЕ му помогнала на Ахмети и неговата партија да добијат градоначалници во општини кои биле стратешки за нив.

На состанокот меѓу останатото од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека ДУИ во разговорите за коалицирање се води и од анализите за наредните локални избори.

На минатите локални избори беше сериозен предизвик ДУИ да победи во одредени за нив стратешки општини и добро се сеќаваме на улогата на ВМРО-ДПМНЕ на тие избори во одредени општини во поглед на дадената поддршка, но тоа сепак е работа на ДУИ. Ќе дојдат локалните избори и ќе се види дали им била добра проценката – посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше истакнато дека со оглед на актуелниот распоред на сили дури и да се формира Влада ќе биде многу тешко таа да биде функционална во смисла на реформи и многу тешко ќе биде да биде долготрајна. Од тој апсект ВМРО-ДПМНЕ има и искуство. Затоа сметаме дека е добро уште еднаш да се даде шанса во период од два, два и пол месеци од сега, можеби заедно со локалните да има нови парламентарни избори. Можеби некој ќе прокоментира дека тоа е губење на време, но за ВМРО-ДПМНЕ тоа е најкусото време кое што може да се загуби во однос на тоа што со актуелната состојба може да се случи да се загубат 6 месеци, година или подолг период на криза, заглавени институции и континуирана политичка тензија во земјата. Францускиот амбасадор посочи дека и тоа е можност, но тоа е прашање за кое треба да одлучат сите политички партии. Она што загрижува е стабилноста. Неопходно е и националните македонски партии на долгорочен план заеднички да ги решаваат работите, затоа што поделбата која постои помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е преголема, а има голем број на предизвици. Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека напуштањето на принципот за коалицирање на победникот кај македонците од изборите со партијата победник кај албанците, за што силно инсистираше ДУИ да се практикува, вклучително и преку испраќање на јавни апели, сега во ситуација кога на овие избори тие имаат поголема одлучувачка важност како политичка партија, доколку сега се прекрши принципот тоа ќе биде неповратен процес што можеби кракторочно не ни одговара, но долгорочно ќе ни одговара, и во тој случај нема да одговара на другите етнички заедници, особено албанците и албанските партии.

Францускиот амбасадор запраша дали во ВМРО-ДПМНЕ се смета дека Ахмети е искрен во тоа што го кажува во политиката, на што беше одговорено дека неговата искреност и мудрост сега се на многу сериозен тест. Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека во последно време од некои страни се даваат идеи за широка влада. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека формирањето на широките коалиии во Македонија, е проверен рецепт за неуспех,се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ по средбата на Груевски со Францускиот амбасадор во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e