Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе оствари средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“, соопшти партијата.
Средбата се одржува во вторник во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, палата „д-р Христо Татарчев“ од 13.30 часот.
Груевски, во понеделникот го доби мандатот од претседатењлот Ѓорге Иванов за формирање Влада во следните 20 дена, по победата на предвремените парламентарни избори, одржани лани на 11 декември, на кои освои 51 пратеничко место.