Груевски и Михајло Маневски го спремале Иванов како да не му го даде мандатот на Заев?

Експертите на пои се повика Ѓорге Иванов за да не го даде мандатот на Зоран Заев се екс министерот за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена, тврди порталот А1Он.

Како што извести А1Он, вечерта кога во тајна посета кај Иванов беше Никола Груевски, кој остана цели пет часа, бил и брачниот пар Маневски.

А1Он пишува дека таа вечер е договарана стратегијата и обраќањето на Ѓорге Иванов, со кое се обиде да најде изговор да не му го даде мандатот на Заев, иако тој го исполни условот кој го бараше Иванов, и му достави потписи не од 61, туку од 67 пратеници како поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e