ратеникот на ДУИ, Артан Груби вели дека владејачката коалиција функционира најнормално, дека многу важни работи сработиле заедно и уште многу работа ги очекува. Тој на прес-конференција во Собранието рече дека ДУИ го поддржува владеењето на правото без какви било други влијанија. За тоа што се случувалo на седницата за одземање на имунитетот на осомничениот пратеник Трајко Вељаноски, тој вели дека се виновни одредени пратеници, кои недолично се однесувале. До тоа, како што вели, воопшто немало да дојде ако претседателот на собраниската комисија за имунитетно-мандатни прашања не го презакажал гласањето без да ги извести ДУИ. Груби вели дека во коалиција со СДСМ постигнале многу, го промениле името и Уставот на државата, постигнале јазична рамноправност и убеден е дека ќе ги направат потребните реформи за интеграција во ЕУ.
„Ова ќе се надмине и заеднички ќе ги изгласаме законите за кои е потребно двотретинско мнозинство“, рече Груби.
Извор: РСЕ
