ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА: Човек од најголема доверба на премиерот, или негова жртва?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска изби на првото место според бројот на истраги од Специјалното јавно обвинителство. Таа е осомничена во нов случај со кодно име „Тенк“, за злоупотреба на службената положба при набавка на луксузниот службен „Мерцедес“ за екс премиерот Никола Груевски.

СЈО оваа нова истрага, заедно со предметот „Тарифа“, ги обелодени со соопштение, наместо досегашната пракса за случаите да информира на прес конференции.

Според досегашните сознанија и докази на Катица Јанева, дејствијата за набавка на „Мерцедесот“ вреден 572.000 евра, се случувале од февруари до октомври 2012 година. Јанкулоска, заедно со уште едно лице вработено во МВР, наместиле тендер така што фаворизирале определена фирма за да можат од неа да го купат автомобилот на кој што „око му фрлил“ Груевски.

„Во конкретниот случај постои основано сомнение дека со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип на патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти – фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“, соопштија од СЈО.

Јанкулоска, според фотографиите објавени на нејзиниот фејсбук профил, е на зимување на Попова Шапка. Преку фејсбук и се огласи за најновиот случај за којшто е осомничена.

„Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи. СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО“, напиша Јанкулоска.

Целиот текст прочитајте го тука

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e