Горан Михајловски: Грабната Македонија

Не знам зошто уште не му верувате на Груевски дека тоа што ќе го каже и ќе го оствари. Па тој уште по второто Пржино се закануваше дека не може да го контролира гневот на народот.

Ова што сега темата „Ќе си лежите“ е сменета со „Државата е нападната“ не е резултат на само еден фејсбук статус, со кој бившиот премиер ги повика луѓето да ги слечат влечките и да излезат да ја бранат државата. Тоа што темата од криминал се пресели во сферите на меѓуетнички конфликт значи дека тој ова го има испланирано уште кога го потпишуваше вториот Пржински договор.

И нормално е Груевски да повика на одбрана на државата. Си ја грабнаа Македонија и нормално е дека ќе ја бранат. И ги повика на одбрана сите што, макар и на најбанален начин, се офајдиле од грабнатата држава. И нормално е да не сакаат да се откажат од придобивките на грабежот. И нормално е дека не сакаат да одат во затвор. И нормално е дека не сакаат да го вратат украденото.

Ама, како може да биде нормално кога таа нивна лична борба да се спасат од затвор ја прикажуваат како највисок национален интерес? Од кога тоа е нормално својот интерес да се извлечат неказнети да ни го прикажат како наш интерес? Како може да биде наш интерес одбраната на нивната слобода и одбраната на нивните пари?
Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e