Голубовска: Десет години се краде гласот на граѓаните, време е сами да изберат што сакаат

“Луѓето имаат потреба од промена, но и постојано уверување дека криминалното и насилно владеење ќе заврши со соодветна правна разврска и враќање на украденото. Луѓето се чувствуваат ограбено. Немаат културен и социјален живот, пристап до бесплатно здравство, образование, не гледаат перспектива и не се чувствуваат безбедно. Живеат во едно тешко секојдневие кое се чини дека се¢ повеќе се влошува, но сепак ви даваат до знаење дека се подготвени да се борат за промена” -вели за Фактор, Јасмина Голубовска, граѓанска активистка.

Изминатите девет  изборни циклуси, според неа покажуваат дека гласот на граѓаните е злоупотребен, манипулиран и украден, така што свесноста за состојбите во кои е ставено гласачкото право на секој поединец може да ја направи разликата. Младинска кампања за покренување на свеста за избирачките права “Избери што сакаш”  која се одржува во неколку градови низ земјава покажала декае време граѓаните  да бидат слушнати и охрабрени да ја направат промената, наместо да чекаат таа да им се случи.

Живееме во општество во кое правдата и правото се споредуваат со редок вид на животно пред целосно истребување и исчезнување. Така што борбата против сторена неправда нема да ја најдеме во институциите, се додека не си ги вратиме назад во функција на граѓаните. Меѓутоа, искуството на улица и секој најмал отпор даден на заканата го прави човек похрабар и подготвен да се соочи со наредниот предизвик. Сметам дека со создавањето на култура на отпор изминатите неколку години ги направивме и првите чекори и дела допрва не чека градење на цврста политичка и изборна култура”- додава Голубовска.

“Силното влијание на провладините медиуми и петпарачки програмски содржини, длабоката внатрешна економска и политичката криза, рушењето на уставниот поредок и други бројни фактори придонесуваат  граѓаните да чувствуваат како да нема место за нив и нивното мислење. Ми се чини сите заборавивме како изгледа телевизиска политичка или социјална дебата, документарна или едукативна програма. Сепак дознавме дека 10 г. сме живееле во систем кој работел во интерес на владејачките партии кои воспоставиле целосна контрола врз системот преку прислушкување, уцена и изнуда, корупција, закани и убиства.

“И да ве запишат на листа, единствено што ќе однесат назад во партија е тоа дека сте излегле на гласање, но не и за кого сте гласале. Така што, слободно кажете им (излажете ги) за кого ќе гласате доколку ви вршат од владејачкиве демек партии и гласајте си за кого сакате. Граѓаните повеќе стравуваат од  можноста ВМРО и ДУИ да го продолжат својот терор и  неизвесноста од тоа што ќе се случува по изборите или по падот на ВМРО и ДУИ, бидејќи реално не ја чувствуваат или можат да ја замислат промената за која долго се зборува, но нема визуелен приказ.

Најтешката борба е за работничките права и справувањето со сиромаштијата, така што младите луѓе очекуваат  да се почне од таму каде што е најголемата болка,   во социјалните и економските односи. Верува дека доколку академската јавност, особено онаа со силна правна експертиза што поскоро да се вклучи во оваа дискусија  за излез од политичката криза. Контролните механизми вели се слаби, па  затоа повеќе верува во надворешната контрола за време на изборите од страна на набљудувачите и будноста на сите опозициски партии кои во коалиција или самостојно ќе настапат на изборите. Тие вели не смеат  да  дозволат ниту еден инцидент да помине незабележан и истражен до крај како и мотивацијата кај граѓаните директно да се вклучи во пријавување и јавно говорење за проблемите со кои бил нарушен принципот на тајност или нарушено правото на глас во целост пред и за време на гласањето.

Време е како што вели  луѓето да се гледаат со име и презиме и да се бара одговорност и отчетност, но и граѓаните  да почнат да зборуваат јавно за проблемите и да бараат поширока дискусија за надминување и промени на долгогодишните практики на тајност и недопирливост на фелата.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e