Глигоров не прифатил 100 милиони долари за промена на името Македонија – покажува документ на ЦИА

Декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА откриваат нови детали за дипломатските притисоци со кои се соочувала Македонија во раните години по независноста, како и за улогата на првиот претседател на државата, Киро Глигоров. Како што објави албанската новинска агенција ИНА, Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името Македонија.

Според документот на ЦИА од ноември 1992 година, се дадени детали за тоа каде се движела Македонија како новоформирана држава во тоа време, откако по мире пат и преку референдум се оддели од поранешна Југославија.

-Глигоров одбил приватна понуда од грчки претставници од 100 милиони долари, под услов името на земјата да се промени. Претседателот ги опишал грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека Македонија никогаш нема да ги прифати. Тој инсистирал дека државата обезбедила доволно докази дека нема територијални претензии кон своите соседи, додека изразува длабоко разочарување од европската заедница која го поддржува грчкото вето, објавува ИНА.

Документите откриваат и дека Глигоров имал резерви кон српскиот претседател Слободан Милошевиќ и неговите политички планови. Иако одржувал дипломатска комуникација со Белград, тој одбил идеи за создавање нова асоцијација со остатокот од Југославија, во која би доминирала Србија.
Според проценките во документите, Глигоров го сметал Милошевиќ, заедно со поранешниот хрватски лидер Фрањо Туѓман, за дел од главните виновници за крвавата југословенска воена криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e