Ѓорѓиев: На граѓаните на Кавадарци им се потребни промени

Прес конференција
Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци
Кавадарци, 28.02.2017

Почитувани сограѓани,

Се наоѓаме на градскиот пазар во Кавадарци. На ова место, според ветувањата на Александар Панов и ВМРО-ДПМНЕ, требаше да биде изграден затворен пазар и деловно-трговски центар. Но, затворен пазар никогаш се изгради. Исто како што не беше изграден ниту Подземниот коридор, ниту кејот до Брушански мост а нема ништо ниту од рекнструирање на главните улици и влезовите во градот.

Панов и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакво право да ветуваат било што пред граѓаните на Кавадарци. За цели два мандата, Панов и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту еден суштински проект кој би го унапредил животот во Кавадарци.

Поради неспособноста на локалната власт, Кавадарци денес е еден од најзагадените градови во Македонија и истовремено е град со најлоша патна инфраструктура.

Затоа на Кавадарци му се потребни промени и и тие ќе се случат наскоро. По промените на централно ниво, доаѓаат промени и на локално ниво. Кавадарци ќе добие локална власт која ќе работи единствено во интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e