Гинеколог од Скопје девет месеци ја лажел пациентка дека е бремена

Гинеколог од Скопје цели девет месеци ја манипулирал и лажел неговата пациентка дека е бремена иако во нејзиниот стомак не постоело никакво бебе. За време  на лажната бременост, докторот правел гинеколошки прегледи, мерел грло на матка, вербално ја убедувал дека е бремена, ја терал да прима непотребни лекарства и терапии и правел гинеколошки скрининзи за детално да се прегледа плодот. На секој преглед и давал ехо снимки на кои се гледа плод, кои претходно ги имал спремено да и ги даде,  и давал хормонална терапија за вештачки да се покажат параметри кои ќе ја убедат дека е бремена, и кажал дека носи машко дете и вршел детални прегледи каде во детали го опишувал плодот.

Пациентката која  сака да остане анонимна од лични причини, а чие име е познато на редакцијата во НОВА ја донесе целокупната медицинска документација, ехо снимките од туѓи бебиња за кои лекарот и кажувал дека се од нејзиното бебе, како и тужбата  против гинекологот. Против него се води истражна постапка за кривичните  дела: Тешки дела против здравјето на луѓето, Измама и Фалсификување на исправа. Оваа жена која четири пати безуспешно се обидувала да остане бремена со нејзиниот сопруг му ја дале довербата на лекарот кој тогаш работел во една, а потоа во друга приватна болница. Од септември минатата година е примен на работа на Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Имав неколку неуспешни бремености и кога добивме бесплатен ваучер од ФЗО за ин витро се случи монструозниот чин. Докторот Николче Дамчевски уште на почетокот ме убедуваше дека сум бремена иако крвавев, ми даваше хормоналана терапија и инјекции против коагулација на крвта,  ме убедуваше дека во мојот стомак се развива живот. Бевме пресреќни со мојот сопруг иако бев бомбардирана со терапија. Купуваме облека, играчки, креветче, детска соба. На секое одење на преглед лекарот ги мереше димензиите на бебето, ми пушташе срцев ритам, ни даваше да ги гледаме сликите од ехо. Дури ни го кажа и полот, дека бебето е машко“, ја започна приказната оваа четириесет годишна жена.

Како се наближувал датумот на породување, гинекологот се повеќе го одложувал породувањето со образложение дека има се уште време до крајниот рок. Во еден момент предложил породувањето да биде направено во болницата во Прилеп, што нашата соговорничка децидно го одбила. Кога веќе не можело да се одлага, гинекологот го викнал нејзиниот сопруг и му соопштил дека неговата сопруга „дури тие мислеле дека била бремена, всушност не била бремена“.

Тогаш му кажал дека има три опции: Тој да ја породи со царски рез и да и каже дека бебето е мртво родено, да ја успие со анестезија во амбулантата, да и направи киретажа и повторно да и каже дека бебето било мртво или пак, сопругот да и соопшти дека не била бремена, воопшто.

Во шок од тоа што го слушнал сопругот ги одбил првите два предлози и отишол да ја земе својата сопруга од дома која чекала спремна со торба да оди на породување. Кога стигнала во ординацијата прво и дале инјекција која наводно се примала пред операција. Потоа, според кажување на нашата соговорничка, лекарот и рекол да седне бидејќи тоа што ќе и го соопшти може да ја вознемири. Тогаш и рекол дека „за цело време додека мислела дека е бремена всушност не била бремена“ И објаснил дека се работи за лажна бременост која наводно требало да ги подобри нејзините репродуктивни способности, дека имала спонтан абортус во шестата гестациска недела и дека јајниците и се за никаде. За нејзино добро тоа дотогаш не и го соопштил, а успеал нејзините репродуктивни органи да и ги врати на степен од пред 15 години, рекол лекарот.

Целата сторија прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e