Германската амбасадорка Алтхаузер: Пратениците да ја поддржат работата на СЈО

Амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер вели дека Македонија е во длабока политичка криза, а како главен виновник ги посочи судството и обвинителството. Без владеење на правото, според Алтхаузер, нема демократија и нема борба против корупција. Алхтаузер им порача на пратениците да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство со цел подобрување на законодавството. – објави 21 телевизија.

„Би сакала да ги поттикнам претставниците на граѓаните во Собранието, да ги поддржат напорите на СЈО да се овозможи подобрување на законодавството и да им овозможи еднаква правда за сите. Како тоа ќе се реализира останува на политичките лидери, а Собранието да одлучи“, изјави Кристине Алтхаузер.

Според евроамбасадорот Замуел Жбогар, предизборниот период е одлична шанса политичарите да се справат со корумпираните лица меѓу своите редови.

„Напредок на земјата е можен само ако сите важни општествени групи и поединци и кажат „не“ на корупцијата и останат будни, или само доколку политичарите објават нулта толеранција кон корупцијата, корупциските практики и коруптивното работење“, изјави Самуел Жбогар .

Инаку, Алтхаузер и Жбогар ова го порачаа на конференцијата по повод завршувањето на двегодишниот твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, на која беше потенцирано дека голем број на граѓани пријавиле злоупотреба на функцијата во предизборниот период до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Претседателот на Комисијата, Игор Тантуровски потврди дека има голем број пријави, но вели дека точната бројка не може да ја открие. Тој воедно потенцираше дека ДКСК ќе ги истражува сите пријави кои ги добива од граѓаните, анонимни лица од оние кои се претставуваат со име и презиме.

“Точната бројка на предметите од оваа година не можам да ја кажам зашто работиме и на предмети од лани, но можам да кажам дека е доста голема. Бројките обично доаѓаат на крајот од годината“, изјави Игор Тантуровски- комисија за спречување на корупција.

Во текот на двегодишниот твининг проект, биле остварени над 200 посети вклучувајќи 17 институции со околу 50 експерти од Германија, Полска и Словенија кои работеле на подобрување на антикорупциската легислатива и подобрување на дел од ИТ системот на Државната комисија за спречување на корупција.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e