Георгиевски: По неуспехот да направат влада, ВМРО-ДПМНЕ требаше да се подготви за опозиција

Лидерот на ВМРО-НП, екс премиер и основач и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во дебата во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 вести вечерва оцени дека Груевски и ВМРО ДПМНЕ наместо по неуспегхот со ДУИ да направат влада да го подготуваат членството за опозиција, веројатно заради немање демократски капацитет одлучија власта да не ја предаваат и отидоа на организирање на протести за бранење на Македонија.

– Јас кога ја изгубивме власта, се сеќавате, на најдемократски начин им ја предадов на СДСМ – рече Георгиевски.

На прашањето на новинарот дали Груевски тоа го прави од стравот од СЈО и соочување со одговорност за начинот на кој владеел, Георгиевски рече дека веројатно причината е тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e