ГДУ: Уште колку пати треба Прибе да дојде и да ни црта што треба да направиме за да имаме функционална демократија?

Основните заложби и ветувања на СДСМ за време на предизборната кампања беа НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР. Само да потсетиме, ветуваа реформи во правосудниот систем, одговорност за судиите и ревизија на извршителите. Ветуваа дека обвинителството ќе го разбудат од деценискиот зимски сон но од сите тие ветувања нема ништо. – велат од ГДУ.
Поминаа три години од владеењето на СДСМ, а не слушнавме дека нешто се промени во сферата на судската власт. Напротив, кризата со владеењето на правото се продлабочува а правдата за обичниот граѓанин е се понедостапна. Министерката за правда која пред да стапи на функција, фотелјата од министерството за правда ја гледаше како посебен предизвик, сега скоро никаде ја нема, како што ги нема и реформите. Слушаме само некакви коментари за венецијанската комисија како министерката да живее во Венеција а не во Македонија. – стои во нивното соопштение.
Од ГДУ прашуваат дали треба ли да бидиме дел од ЕУ или треба ли да ги започниме преговорите со ЕУ за да направиме општество достојно за граѓаните каде законот ќе важи подеднакво за сите?
Уште колку пати треба Прибе да дојде и да ни црта што треба да направиме за да имаме функционална демократија и професионална и некорумпирана
судска власт? – прашуваат од ГДУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e