Гарет му врати на Груевски: Понекогаш праќаме тешки пораки

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Унијата на жени ги прозва амбасадорите во земјава со врска со случајот со заменик-министерот Диме Спасов, кој пред десетина дена направи неколку сообраќајки и бегаше од полицијата, со цел да покаже како би се однесувале тие ако место Спасов тоа бил функионер на СДСМ, британскиот амбасадор Чарлс Гарет му порача дека понекогаш амбасадорите праќаат тешки пораки.

„Овде бев пратен како амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија за да ги претставувам британските гледишта и британската политика, а исто така се пратени и многу амбасадори овде во Скопје, кои ги претставуваат своите земји и нивните политики. Го правам тоа најдобро што умеам и акциите кои ги преземаме зборуваат дека е така веќе 25 години“, рече Гарет.

Тој порача дека Велика Британија е голем поддржувач на Македонија, а себе си се гледа како критички настроен пријател кон Македонија, како и дека ја поддржуваат секогаш кога можат, како во 2005 година, кога Британија претседаваше со Европската унија, а Македонија стана кандидат за член во ЕУ.

„Таква поддршка ние можеме и ја даваме, а истовремено критичките осврти пораките кои ги праќаме мислиме дека се неопходни за да дадеме поттик за тоа на каде треба да се движат работите. Тоа значи дека понекогаш праќаме тешки пораки“, рече Гарет, кој во вторник присуствуваше на панел-дискусијата во организација на граѓанската асоцијација МОСТ за одвојување на политичките партии од државата.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својо говор на Годишната конференција на Унијата на жени на партијата, во замислено сценарио ги критикуваше сите свои политички опоненти, странските амбасадори, Специјалното јавно обвинителство и новинари и невладини организации.

Осврнувајќи се на случајот со Диме Спасов, Груевски рече дека реакциите ќе биле поинакви доколку во случајот на Спасов, било лице од СДСМ, а министер во МВР би бил од ВМРО-ДПМНЕ.

„После хајката со Диме, мислам дека и на последниот човек во земјава се му јасно. Снимките јасно одговорија на што и немам што да додадам. Само можам да замислам што ќе се случеше ако беше обратно. Јунаците од СДСМ со трчење и плачејќи ќе отидеа во сите амбасади во земјава. После некои од амбасадорите мераклии на Твитер ќе испратеа некоја порака преку Твитер и ќе побараа итна средба за половина час кај мене а првата реченица ќе им беше дека нивните главни градови се згрозени и шокирани. Па за еден час или два ќе твитнеше некој странски министер во поддршка на амбасадорите онака случајно и несинхорнизирано, следеле ситуација во земјава. Потоа најмалку пет амбасадори ќе прочитаа нешто под прозорот или во штабот во смисла дека демократските процеси се загрозени, дека се многу загрижени, дека бараат да се расчисти случајот, дека ќе влезе тоа во сите можни извештаи, дека ќе има одговор и санкции. До вечерта сигурно и 2-3 министри за надворешни работи ќе изразеа загриженост, осуда, одлибску ќе мониторираат, па дека ова не оддалечува од НАТО и ЕУ“, рече Груевски. „Ама бидејќи сега е обратна сиуацијата, сега од амбасадорите нема ниту глас ниту реакција, не се они такви што сакаат да се мешаат“, додаде тој.

Извор: Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e