Функционери на ВМРО-ДПМНЕ повикани во кумановската полиција заради сомнеж за изборни измами

Во изминатите два дена 7-8 луѓе од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ биле повикани на информативен разговор во СВР Куманово, поради сомнеж за подмитување на гласачи, информира СакамДаКажам.

Полицијата постапувала по анонимна пријава на граѓанин и по допрен глас дека истакнати членови на партијата и функционери кои оделе на терен и нуделе поткуп на гласачите. За каков поткуп се работи не откриваат.

Од партијата за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека нивни истакнати членови и функционери се повикани на разговор во полицијата но не информираат за резултатите од овие разговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e