„Груевски зборува дека влада на победник со победник е принцип наметнат од меѓународната заедница. Тоа едноставно не е точно. Принципот на победник со победник не постои во ниту еден официјален документ ниту пак во неформален документ. Единствениот принцип кој беше официјално прифатен е принципот на Бадинтер. Тоа е беше усвоено за да се гарантираат правата на малцинските заедници. Законите кои се однесуваат на малцинствата треба да бидат усвоени во Собранието со двојно мнозинство. Што значи мнозинство на сите пратеници плус мнозинството на пратениците од немнозинските етнички заедници – етнички Албанци, Турци, Власи, Срби итн.“, тврди поранешниот амбасадорот и специјален претставник на ЕУ во Македонија Ерван Фуере.
Со оваа изјава тој го побива тврдењето на владеачката партија која речиси во секое соопштение до јавноста потсетува на некакво нарушување на составување на влада „победник со победник“.