„Форумот на слободоумни патриоти го осудува однесувањето на поединци или групи кои во последните неколку денови споделуваат постови со недолични содржини на социјалните мрежи.
Сакаме да ви укажеме вам кариеристите и вечните полтрони на сите раководства дека со вашето недолично и некултурно однесување сериозно го нарушувате угледот и и правите штета на партијата и илјадниците нејзини чесни членови, како и штета на Република Македонија и нејзиниот углед. Ве повикуваме веднаш да прекинете да ја конфронтирате партијата со меѓународните претставници во Република Македонија, а воедно и со Владите на земјите од кои тие доаѓаат.
ВМРО ДПМНЕ била и мора да остане политичка партија со прозападна ориентација во чија агендат ќе остане членството на Република Македонија во НАТО и Европската Унија“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.
За време на викендот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги нападна европските амбасадори обвунувајки ги дека премногу се мешат во работите, додека на социјалните мрежи подоцна се појавија некролози од највлијателните европски држави но и американскиот амбасадор, Џес Бејли, новиот и стариот евроамбасадор како и посредувачот при спроведување на пржинскиот договор, Питер ВанХауте.