Утрото околу 4 часот оштетена е фасадата, влезната врата и еден прозорец од објектот на Националната установа Музеј на албанската азбука со седиште во Битола, пренесе Алсат-М.
Од СВР Битола посочуваат дека настанот е регистриран и поставено е обезбедување на објектот со цел непречено да се изврши истрагата за овој случај.
Според првичните информации, утрово во 4 часот непознати лица фрлиле шишиња со запалива течност (Молотови коктели) и притоа ги оштетиле влезната врата и прозорецот на вториот кат од Музејот, како и спомен-плочата на Музејот.
Повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по добивањето на конкретни информации, потврди Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.