(ФОТО) Во работно време вработени во ЈП Комуналец ангажирани за партиски цели?!

Пред околу еден час, наши читатели ни испратија фотографии за кои тврдат дека ЈП Комуналец од Крива Паланка ангажира свои вработени во работно време да поставуваат урбана опрема во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од тука се поставува прашањето, кој всушност ги плаќа овие работници, партијата или Комуналното претпријатие?

Доколку ова е точно, тогаш уште еднаш ќе се потврди како власта институциите и ресурсите со кои раководи, кои впрочем граѓание ги плаќаат да се користат за нивни потреби, ги става во служба на партијата.

2

ЈП Комуналец периодов е актуелен по тоа што од опозициската СДСМ, неодамна го обвинија директорот за недомакинско управување со парите на претпријатието. Тие објавија документи кои според нив потврдуваат како директорот на име на репрезентација потпишувал сметки во ресторани ширум Македонија и регионов, си купувал фенови, пегли, душеци, обвинија тогаш од опозицијата, додека истовремено граѓаните плаќаат енормно високи сметки кон претпријатието а во последно време се појавува и сомнеж за исправноста на водатата за пиење.

15135494_10207993283773413_446109922_n

3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e