Владејачката партија цела изборна кампања ја помина влечејки го своето членство со автобуси од една во друга општина.
Ова се фотографии кои се направени пред 15-тина минути а на кои се гледаат три автобуси паркирани пред градскиот плоштад во Крива Паланка од каде што во секој момент се очекува да тргнат кон Куманово каде ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 20:00 има закажано митинг.
Куманово е најголемата општина во Македонија, зарем дотолку ја има изгубено поддршката Никола Груевски па и за таму мора да носи членови од други помали места?!