Јавноста беше шокирана и револтирана кога наставничката Жанета Петровска на прославата на ВМРО ДПМНЕ се појави со крст со името на лидерот на опозицијата, Зоран Заев.
Сопругот на Петровска, исто така е во битолското образование како директор на училиште, а неговото име го има на списокот на донатори за овогодинешната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Стевче Петровски (реден број 23) донирал 6 илјади денари за партиската кампања.
Порталот Доказ објави фотографија и информација според која на сличен начин прославил и уште еден „крстоносец“. Според порталот станува збор за лицето Филип Марка.
Филип Марка е човекот кој пред некој ден и се заканувал на дописничка од порталот Доказ во Битола заканувајќи и се дека ќе ја убие доколку не го повлече текстот поврзан со морбидниот транспарент, крстот на кој се наоѓа името на лидерот на СДСМ Зоран Заев,
Тони Марка, таткото на Филип, важи за еден од луѓето во потесниот бизнис круг на битолскиот градоначалник Владимир Талевски, пренесува Доказ.