Како дел од промотивната кампања за изборите на 11 Декември, на влезот на најголемите локални тексилни компании, тимови од ОО СДСМ Крива Паланка на вработени во овие компании, делеа промотивни флаери на кои преку “Планот за Живот” се претставени клучните работи кои се од најголемо значење за консолидирањето и напредокот на државата и принципите на кои ќе се заснова како што велат новата Влада на СДСМ. Од таму се задоволни од интересот кој работниците го искажале и вербата која ја имаат во Планот за живот на СДСМ.
Од најбитните работи во таканаречениот “План за Живот” предвидено е:
1.Просечна плата до 30.000 денари, a минимална плата од 16 000 денари.
2. Подршка на домашните фирми со 140 милиони евра! Така ќе се отворат нови работни места.
3. Насочување на парите кон граѓаните. Прво ќе се помогне на сиромашните.
4. Институциите ќе работат во служба на граѓаните. Зашто секој човек е важен.
5. Ќе има контрола над власта и правда за сите.
“Планот за живот” можете да го прочитате тука