Во рок од само десетина дена, граѓанин на Скопје по електронски пат успеал да собере 7882 потписи за запирање на градбата на Панорамското тркало кое треба да чини 18 милиони евра пари на граѓаните.
Петицијата е доставена до градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски од кого се бара да ја запре изградбата на како што се вели овој финансиски бесмислен и за градот и жителите опасен проект.