(ФОТО) Отворен штаб на СДСМ Кр.Паланка во с.Мождивњак и Длабочица

Општинската Организација на СДСМ Крива Паланка продолжува со отворање на месните штабови во пресрет на парламентарните избори.

Денес, штабот во С.Мождивњак и Длабочица беше претесен да ги прими сите наши активисти и симпатизери но и граѓани кои се приклучуваат во борбата за победа над режимот. – посочија од ОО СДСМ Крива Паланка.

Свое обраќање пред присутните имаше шефот на Изборниот штаб на СДСМ во Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кој се заблагодари за масовноста и на присутните им презентираше дел од мерките кои се опфатени во изборната програма на СДСМ а кои се однесуваат на економија, здравство, образование, земјоделство.

“Уште во првите месеци по превземањето на власта, минималната плата од 9 000 ќе ја покачиме на 12 000 денари, а истата до крајот на мандатот ќе изнесува 16 000 денари. Просечната плата целиме да достигне до 30 000 денари. Проектиравме 140 милиони евра помош за домашните фирми. Малите и средни претпријатија ќе добијат кредити до 15 000 евра со само 1% камата. 15% од платениот ДДВ од фискалните сметки ќе се враќа назад кон граѓаните, со тоа секое семејство во Македонија годишно ќе добива по една просечна плата плус. Секој млад човек со добра бизнис идеја ќе добие 10 000 евра неповратни средства од државата за да започне сам свој бизнис. Со тоа ќе го намалиме масовното иселување на нашите сограѓани. Ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ја вратиме ефтината струја. Казните ќе бидат преполовени. Земјоделските субвенции ќе ги покачиме на 160 милиони евра годишно.” Ова се само дел од мерките кои беа презентирани пред граѓаните на овие села.

20161105_190751 20161105_191512 20161105_191546 20161105_193104 20161105_192131 14915263_1414161191945514_8453602323569963054_n 20161105_193304

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e