(ФОТО) Неколку дена пред заминување, Тодоров разрешувал и именувал, отворал и затворал конзулати

Дваесетина дена пред да биде разрешен од функцијата заменик претседател на техничката Владата, Никола Тодоров отворал и затворал Почесни конзулати во Труција и Романија. Одлуките на Тодоров да ги затвори Почесните конзулати во Ајдин и Малатија, а да ги отвори во Бодрум, Труција и во Темишвар, Романија ги потпишал на 9. мај, а во Службен Весник се објавени дента кога тој е разрешен од функцијата и кога си поднесе оставка од пратеничкото место во Собранието.

Екс министерот и вицепремиер, Никола Тодоров ги отповикал Ибрахим Донерташ од местото Почесен конзул во Ајдин и Хикмет Танриверди од Малатија, а ги именувал Павел Ернест Дупта како Почесен конзул во Темишвар во Романија и Мехмет Дурмаз во новиот Почесен козулат во Бодрум.

  

Тодоров пред заминувањето го разрешил и Висар Фида од должноста директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, а во Службениот весник е наведено дека тоа го прави на барање на Фида. На нејзино барање е разрешена и Сања Димитриевска од должноста државен секретар во Министерството за внатрешни работи.

На сите овие одлуки на Владата, потпишан е Никола Тодоров како заменик претседател на Владата на Република Македонија, а на ниту една одлука не е потпишан екс премиерот Емил Димитриев.

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e