(ФОТО) На последниот ден од кампања, ФЖ на СДСМ Кр. Паланка делеше промотивен материјал

Форумот на жени на СДСМ од Крива Паланка денеска на последниот ден од изборната кампања во пресрет на изборите во Недела, на штанд во центарот на градот делеа промотивен материјал за “Планот за Живот” во Македонија и разговараа со граѓаните за идните мерки од програмата на СДСМ кои ќе бидат реализирани по 11-ти Декември. Истовремено се делеше и весник во кој, како што велат се наведени промашувањата на власта и за тоа каква држава сме станале под власта на Никола Груевски.

Како што напомена организаторот, граѓаните приоѓаа и го искажуваа револтот од сегашната власт, додека  силно ја поддржуваат изборната програмата на СДСМ и дека се сигурни дека во Недела ќе има промени за подобар живот во Македонија!

Порачуваат доста е од иселување, градот остана празен, ги сакаат младите назад во Крива Паланка и Македонија. Исто така порачаа дека ги сакаат украдените пари назад кај граѓаните!
8 7 6 5 4 3 2 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e