(ФОТО) Младите од СДСМ Кр.Паланка: Сакаме да добиеме шанса тука наместо во странство!

На штанд пред Градскиот парк во Крива Паланка, младите социјалдемократи денес делеа флаери и со понуден топол чај и во меѓусебен разговор им ги презентираа на граѓаните мерките од програмата на СДСМ.

Од Локалниот клуб на СДММ информираат дека повозрасните граѓани најголем интерес пројавиле за покачувањето на минималната плата, начинот како ќе се враќа 15% од платениот ДДВ, укинувањето на радиодифузната такса, преполовувањето на казните, додека помладите се информирале за мерките кои ќе го спречат иселувањето токму на младите, потоа за укинувањето на екстерното тестирање, неповратните 10 илјади евра за секоја добра бизнис идеја, кои секој млад човек ке ги добие како помош од државата за отворање на сопствен бизнис, кредитите до 15 илјади евра со само 1% годишна камата како и за отворањето на фирма за само 1 евро капитал.

15320470_10208395051414853_612940907_n 15320359_10208395050814838_1767038088_n 15320259_10208395050854839_671455764_n 15320225_10208395050894840_896518116_n 15310360_10208395051214848_1936705201_n 15301283_10208395051254849_1036847085_n 15301114_10208395050774837_527396925_n 15280993_10208395051334851_577399094_n

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e