Министрите во Владата на Република Македонија, Љупчо Николовски за земјоделство, шумарство и водостопанство, Драган Тевдовски за финансии и вице-премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вечерва од трибините на „Телеком арената“ го следеа пријателскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Турција.
Натпреварот заврши без голови, 0:0. Турците иако имаа поголем посед на топката, сепак немаа ниту една посериозна шанса за гол, наспроти нашите два гола кои беа поништени поради офсајд.
Следниот предизвик за Македонија ќе биде квалификацискиот меч против моќната Шпанија кој е закажан за 11 јуни.