(ФОТО) Министерот Цветков со службен џип на средби со граѓаните

Службениот џип на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, вчера меѓу граѓаните и партиските активисти во текот на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, пренесува А1он.

dzip-cvetkov-4

Цветков со службениот џип беше виден во близина на Градско, поточно во селото Ногаец каде членовите на ВМРО-ДПМНЕ имале средба со граѓани.

dzip-cvetkov-1

Извори на А1он велат дека Цветков се обидел да се сокрие за да не биде забележан дека врши злоупотреба на службено возило за партиски цели.

dzip-cvetkov-3

Ова не е прв случај на злоупотребување службени возила од страна на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

dzip-cvetkov-5

Пред еден месец дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов направи низа сообраќајни прекршоци со службениот џип на министерството кој го користел надвор од работно време и за свои лични потреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e