Со 376 гласови „За“, Христијан Мицкоски на конгресот во Валандово во декември 2017 година беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. До пред конгресот Мицковски ја обавуваше функцијата генерален секретар на партијата, на која 30 јули годинава.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ тој беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ и професор на Машинскиот факултет при УКИМ но кој е неговиот татко?

Токму на негова адреса беа упатени критики за непотизам. Медиумите пишуваа дека Мицковски бил личен асистент на неговиот роден татко, професорот на Машинскиот факултет во Скопје Иван Мицковски.
Имено, на официјалната страница на Машинскиот факултет пишува дека Христијан Мицковски магистрирал и докторирал на истиот тој факултет кај неговиот татко професор Иван Мицковски.
Таткото на опозицискиот лидер како што стои во неговата биографија бил учесник во рамките на заедничкиот проект финансиран од DAAD, а ги опфаќа Машинските Факултети од Скопје, Софија, Ниш, Будимпешта и Илменау (СР Германија) со наслов: “Mechatronics”; Во периодот од 2000 до денес ја извршува функцијата продекан за финансии при Машинскиот факултет Скопје; Во периодот од 2002 до 2006 бил в.д. директор на ЦИРКО при МФС и бил Преседател на друштвото за Механика на Македонија.
Добитник е на многубројни награди и признанија меѓу кои е Награда за најуспешни иновации .
Мицкоски е Доктор по машински науки на Машински Факултет, Скопје.
Извор: Фактор
