Од техничкиот премиер Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, преку министри во владата и останати функционери, сите тие изминатата ноќ изразија поддршка за „Медена земја“ – филмот кој ја претставуваше нашата земја на престижните „Оскари 2020“ во Холивуд.
Македонските политичари на социјалните мрежи споделија зборви на поддршка за тимот, зборови на гордост за филмот кој не претставува меѓу најпрестижните и благодарност за најголемата животна лекција која ја пресликува главната протагонистка во филмот Атиџе – „Задржи половина за себе, другата половина за пчелите“!
сане