Не, ова не се фудбалери кои се загреваат за вечерен натпревар туку изгладнети крави кои се оставени да се снаоѓаат сами во овој период од годината.
Веќе подолго време, неколку десетици грла на крави во сопственост на висок локален функционер на ВМРО-ДПМНЕ од кривопаланечко, прават огромни штети во имотите на луѓето во селата Жидилово и Кркља. Залудни се апелите на овие луѓе до сопственикот и до надлежните органи. Никој ниту презема обврски ниту одговорност.
Добитокот наместо да се чува во шталите, неколку месеци е оставен надвор и често може да се види како се движи по самиот меѓународен пат кон соседна Бугарија каде претставува опасност за возачите.
Вечерва кравите се видени на фудбалското игралиште во Крива Паланка. Револтирани граѓани кои ни ги испратија овие фотографии, прашуваат – Ќе се најде ли некој професионалец во Полиција да потегне истрага за неодговорното чување од страна на сопственикот или сеуште се плашат од неговата вмровска партиска книшка и функција? Уште колкава штета треба да се направи? Има ли Крива Паланка командир на Полициската станица кој ќе се одважи и нареди итна истрага за ова неодговорно однесување?