Фокус“ дојде до документот (укажување) со кој претседателот на Кривичниот суд,Владимир Панчевски, наводно му влијаел во работата на судијата Иван Џолев, за што пак Џолев, пред девет дена му поднесе кривична пријава. Со овој документ се покажува незаконската наредба на Панчевски.
Во пријавата пишува дека со укажувањето претседателот од Џолев барал да постапи незаконски во истрагата што ја водел. Поточно, додека Џолев постапувал по истражен предмет, како истражен судија, добил писмено укажување од Панчевски, кој повикувајќи се на законски и деловнички овластувања, барал од судијата да постапи незаконски и да дигне раце од предметот по кој постапувал и да и го отстапи на друга држава, но и да им влијае на оштетените да ги сменат исказите, на нивна штета.
На овој начин требало да се запре истражната постапка против косовски државјани кои биле осомничени за тешка кражба, и предметот да се отстапи на Косово, но за да се изведе сето ова, требало и да се убедат оштетените да се откажат од кривичниот прогон и од отштетата што ја барале.
Текстот во целост прочитајте го тука