Форумот на слободоумни патриоти јавно реагира и ја осудува дволичната политика кој ја води квазипатриотот Никола Груевски во однос на политиките кон Албанското малцинство.
Во услови кога не е извршен попис од 2002 година, Груевски во интервјуто буквално ги призна сите работи кои ги правел само и само да и погоди на една етничка група. Во итервјуто за весникот „Република“ тој експлицитно ги наведува сите отстапки кои ги правел во однос на Албанското етничко малцинство почнувајќи со:
-употребата на албанското знаме,
-употребата на албанскиот јазик поткрепена со закон,
-амнестијата на терористите за злосторства против Македонско население,
-административното вработување во сите институции на системот на албанците по некој негов, “прецизен клуч”, без да сезнае бројот на Албанците, оти без попис и ние може да се утврди нивниот број,
-со гордост и како голем успеx ги спомнува Тетовскиот и Универзитетот „Мајка Тереза“ и низа други отстапки со што тој самиот се делегитимира како „национален деец и патриот“ кој МОРА и ТРЕБА да ги штити македонските, со Устав, утврдени национални интереси. Тој, впрочем, и признава дека не се бори да го штити македонскиот Устав туку работи во личен интерес и како што кажува и навестува е спремен се да жртвува само за да опстане во политиката и да се спаси од злоделата кои ги има правено.
Јавно го повикуваме Никола Груевски да прекине да се крие и да ја злоупотребува партијата за свои лични цели. Груевски време е за твое заминување од местото Претседател на ВМРО ДПМНЕ! ВРЕМЕ Е ЗА ВОНРЕДЕН КОНГРЕС! Време е за ново Раководство, се вели во соопштението на форумот на слободоумни патриоти.