ФОКУС: Тркалото на Груевски седум милиони евра поскапо од „панорамата“ на Обама

Во новиот број на Фокус:

Naslovna-1090-696x939

И „ФИЧ“ БЕА ПОИНАКВИ, КОГА ГОСПОД ОДЕШЕ ПО ЗЕМЈА…
Додека Ставрески беше второто око во главата, „успешно“ се балансираше и во оценките од меѓународната финансиска заедница, па преодните оценки од таму добиваа медиумска десетка во Македонија. Дојдоа бомбите, ја нагрдија убавата слика, инвестициите добија вистинско име – криминал, градбите во Скопје станаа потемкиново село на сиромашната Македонија. Странците веќе не намигнуваат. Последното мерење на агенцијата „Фич“ (во која порано се колнеа владините пропагандисти) го намали кредитниот рејтинг на Македонија, враќајќи ја земјата во далечната 2005 година.

ВАШИНГТОН ШТЕДИ, СКОПЈЕ ТРОШИ
Во 2014 година во Вашингтон, САД, беше пуштено во употреба панорамско тркало под името „Капитал“, со слични димензии како скопското. „Фокус“ анализира зошто нашето Панорамско тркало чини седум милиони евра повеќе од американското

НОВИ ФИРМИ НА КУМОТ
Ристо Новачевски, првиот венчален кум на Груевски, се прослави со фирмата од Белизе за плацевите на Водно. „Фокус“ откри уште три негови фирми. Документите ја откриваат поврзаноста на Новачевски со дијализниот центар „Дијамед Македонија“ кој учествува во бизнис од половина милијарда евра

КРСТЕ ШАЈНОСКИ: ПОЛИТИЧКИТЕ СИЛЕЏИИ ЈА ВОДАТ ЗЕМЈАВА ВО ЕКОНОМСКА ПРОВАЛИЈА!
Предизборните глорификации на успесите на актуелната власт не ветуваат промени доколку бидат повторно избрани. Тие не се ни свесни за реформите што треба да ги преземат. А со продолжувањето по истиот пат земјата ќе ја втурнат во подлабока провалија“, вели професорот Крсте Шајноски во интервју за „Фокус“

ЗАЕДНО ИЛИ САМ ПО САМ ДО АМБИСОТ
Груевски и Мијалков имаат единствен интерес – да куртулат од прогонот на СЈО. Во таа мега-операција за бегство од правдата, пастирот се надева оти ќе успее да се спаси преку уште една коруптивна изборна победа, братучедот, пак, се обидува да се пазари за слободата пред да па

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e