Во новиот број на неделникот Фокус ќе читате:

Сѐ уште никој со име и презиме не ги посочува Груевски, Вељаноски и Иванов, дека го нарачале, го координирале, го организирале, го менаџирале или дале логистика на крвавите настани во Собранието, но од досегашните сведоштва во судот може слободно да се исцрта „крвавото трио“ што стои зад 27 април
ПАРАДОКСАЛНО, АМА ИЗГЛЕДА ВИСТИНИТО
Зошто наеднаш неколкумина „пропеаjа“? Тие не се сведоци на Обвинителството, уште помалку заштитени сведоци што на таков начин би биле „помилувани“. Не, станува збор за обвинети за насилството на 27 април. Силно верувам дека бегството на Груевски и селективната амнестија во која не се насилниците, се клучните генератори за ваквиот пресврт
СЕ ШИРИ ИСТРАГАТА ЗА 27 АПРИЛ
Пред финишот на судењето се случи пресврт. Дел од обвинетите „пропеаја“, иако таква улога немаа на протестите „За заедничка Македонија“. Во обид да ја спасат сопствената кожа, открија дека зад насилството стоела УБК. По една година, веќе се наѕира сценаристот, а прашањето е дали ќе стигнат и до режисерот, кој секогаш кога ќе згусти е надвор од државата
СОВЕСЕН ТЕЛОХРАНИТЕЛ
Еден од шестмината телохранители на Никола Груевски, кои му припаѓаат по службена должност како поранешен премиер, кај своите претпоставени во МВР алармирал дека тој се однесува сомнително. Тоа, според информации на „Фокус“, се случило непосредно пред Груевски да избега во Бидумпешта, каде доби политички азил
СОМНИТЕЛНА ЗДЕЛКА
Фирмата „Метрополитен“ зад која стои кумот на Груевски се продаде на шведски „Диаверум“ за 11 милиони евра. Три милиони легнале во македонска банка, а остатокот на сметка во Монако. Иако Швеѓаните претходно биле кај Заев и знаеле дека фирмата, во која под лупа е и Груевски, е под истрага, сепак одлучиле да ја купат!
ГОДИНА НА ИЗНЕВЕРЕНИ ДОВЕРБИ
Кога ќе ги погледнеме сите политичари што нѐ излажале низ годините и децениите зад нас, дали треба песимистички да тагуваме, или оптимистички да си речеме: „Не е точно дека стопати нѐ излажаа, туку ние само баравме и најдовме стотина политичари на кои не треба да им веруваме“
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Знам дека не звучи многу доблесно, но добро е за здравјето на секоја демократија да се зборува отворено и вистинито за тоа што се случува во политиката кога треба да се истурка некаква историска одлука. Било таа да е укинување на ропството за црното население во САД или ослободување на Македонија од ропството на својот национализам
Сашо ТАСЕВСКИ
Ете, денес да ти имало петодупло повеќе коли отколку пред триесет години и морало против нив да се преземат воспитни мерки. Давидова ѕвезда за постари модели. Тие се нижа раса. Смеат да се тркалаат само оние поновите, со сина крв. Чист расизам. Ако ги турите налепниците, треба да ве судат во Хаг
Ана ПАНОВСКА
Половина од мандатот на оваа влада речиси помина, а социјалдемократите уште ги проучуваат прописите, размислуваат како да им пријдат на постојните закони, уредби, дупови, кои ете, им ги врзувале рацете за нешто поенергично и видливо да сработат!!!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Инспиративното прашање е колку и како лишувањето од слобода на Мијалков и Камчев ќе влијае врз силата на подземните сенки на моќ и власт или, пак, во потрага по ново „сонце“ само ќе дојде до нивно ново реорганизирање и преструктурирање. Зашто, за жал, може лесно да се случи вистината да исплива на површината од животот, но како давеник!?
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Неодминлив факт кој создаваше плодна почва за законски криминал е менталниот код кај досега сите владејачки партии, но и на голем дел од граѓаните, чија животна филозофија за успешност е снаоѓање со далавери и третирање на законите како врата во широко поле низ која поминуваат само наивните и будалите
