Според буџетот со кој располага, Општина Карпош може да се смета за една од најбогатите во Скопје.
Завршната сметка за 2016 година вели дека градоначалникот Стевчо Јакимовски потрошил 700.000 евра само за привремени вработувања, главно на партиски кадри, како и 60.000 евра за патувања во земјава и во странство, пишува неделникот Фокус.
Во последните две години, според опозициските советници, градоначалникот Јакимовски „спискал“ 140 илјади евра само за репрезентација!
Затоа, пак, општината има сѐ помалку пари за изградба и реконструкција на детски градинки и основни училишта, за локални патишта и улици, за осветлување, паркови и зеленило.
Целиот текст прочитајте го во печатеното издание на “Фокус”.