Филипче: Здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања

Филипче најави дека на дешната седница на Влада ќе се предложи уште една мерка, а тоа е здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања.

Сите седум пациенти кои се заболени со корона вирус се стабилни…. Во моментов на Инфективната клиника во моментов се тестираат 12 пациенти, од нив двајца се наши граѓани кои дошле пред 5-6 дена од Италија и утрово имале симптоми на грип, рече минсиетрот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Осум лица се од Дебар и се соседи на тројцата пациенти кои веќе се лекуваат на Инфективната клиника. Тие жевееле во куќа лепенка на онаа на заболените и имале блиски контакти, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Еден пациент од Кочани е сместен на инфективното одделение во Штип. Тој исто така патувал во Италија и имал знаци на грип. Последниот пациент, пак, е испратен преку центарот за јавно здравје од Прилеп. Резултатите за сите овие лица, според Филипче, ќе се знаат за околу два часа“, рече Филипче.

Филипче најави дека на дешната седница на Влада ќе се предложи уште една мерка, а тоа е здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања.

Министерот кажа дека тестови во овој момент имаме доволно, но и дека ќе ја надополнат резервата.

„Истото ќе го направиме и со респираторните машини и рентген мобилните апарати“, најави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e