Филипче: Сите пациенти се стабилни и со непроменета клиничка слика

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција вечерва рече дека до 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус.

„Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат 35 лица“, изјави Филипче.

„Сите пациенти се стабилни во непроменета клиничка слика. Пациентката која е на респираторна машина е во стабилна состојба, без знаци на влошување. Направена е визита кај сите кои се на домашно лекување.

Направивме план за третман на пациентите со коронавирус во болницата 8 Септември, утврден е патот на движење на пациентите, дел за изолација, посебна операциона сала, посебен кабинет за ехо дијагностика и посебен оддел со 22 кревети и 2 респираторни машини.

Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и уште еден педијатар поради тоа што здравствени работници се носители на вирусот“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e