Филипче: Потврден првиот смртен случај од коронавирусот во Куманово

За жал го имаме и првиот смртен случајот од коронавирусот во земјава, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за 57 годишна жена од Куманово која починала синоќа.

Кога жената била хоспитализирана имала симптоми на коронавирус и лекарите ѝ земале брисеви. Биле направени два теста, но и двата биле негативни.

Сепак, бидејќи имала симптоми на коронавирус, лекарите продолжиле да ја третираат како пациенит сомнителен за коронавирус.

Жената починала откако состојбата нагло ѝ се влошила.

„Брис е повторно земен после костатација на смртта во текот на вчерашниот ден и тој бил позитивен. Брисот е земен заради наглото влошување на состојбата бидејќи тоа е нетипично за друга болест и тоа ги натерало колегите повторно да се посомневаат и земат уште еден трет брис“, рече Филипче.

Бидејќи имало нагло влошување на нејзината состојбата што е типично за случаите со коронавирусот, лекарите решиле по смртта да земат уште еден брис и овој тест се покажал позитивен.

Покрај жената, хоспитализиран е и нејзиниот син кој е на 33 годишна возраст.

„Тој е хоспитализиран 2-3 дена после неговата мајка во текот на минатата недела. Вчера настанало влошување на неговата состојба. бил прво префрлен во одделот за изолација на Клиниката за пулмологија и потоа според протколот е префрлен на Клиниката за инфективни болести каде што е сега сместен во стабилна здравствена сосотјба“, рече министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e