Дебранката(66) која подолг период беше на респираторна машина почин пред неколку часа, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Според него, жената имала проблеми со хипертензија.
„Напрвени се контролни тестови на четворица пациенти од Инфективна клиника, кои се негативни, а на тројца им е добра здравствена состојбата, па утре ќе се повторат тестовите. Ако и тие бидат негативни ќе може да се каже дека се извлекувани и ќе бидат пуштени дома.
Петмина од новозаразените скопјни се вработени на Кожната клиника, кои беа во самоизолација, а чии тестови по 14 ден покажаа позитивен резултат. Тие се останати дома, каде ќе се лекуваат.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица“, соопшти Филипче.