Пет од триесетина тестирани кои биле на клиниката за кожно во контакт со Нина Цаца Биљановска – поранешната директорка на Клиника за дерматологија, се позитивни на корнавирусот – изјави министерот Филипче на денешниот прес.
Институтот за јавно здравје по план ќе спроведе тестирање на сите лица кои беа во врска со директорката на Кожната клиника. Се работи за голема бојка, тие се се уште во изолација и за да нема оптоварување во лабораторијата, ќе се тестираат во неколку циклуси.