Филипче најави прес-конференција за во 15 часот

Министерот за здравство, Венко Филипче, во 15:00 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за најновата состојба со корона пандемијата во земјава.

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката, информираат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e